Денеска од печат излегува „И други приказни“ од Георги Господинов
Актуелниот роман „Засолниште во времето“ од Господинов доживува неверојатен меѓународен успех. И додека нетрпеливо очекуваме Георги да не’ изненади со ново дело, решивме да ја објавиме неговата збирка раскази „И други приказни“, која пред десетина години првично ја издаде „Темплум“.
Како што сугерира и самиот наслов, „ПРИКАЗНАТА“ е централната тема, покрај тоа што е основна книжевна форма во ова дело. „И други приказни“ го потврдува раскажувачкото мајсторство на Господинов и му открива на читателот еден неодолив и заводлив сплет од хумор, тага и најскриени емоции.
Еве што напишаа критичарите за неговите раскази, за чие мајсторство сведочиме и во неговите збирки „И се’ стана месечина“ и „Сите наши тела“:
„Господинов сака во своите раскази, како Рабле, да го спои тривијалното со возвишеното, баналното со исклучителното, шегата со ерудицијата, историјата со секојдневието.“ Page, Париз
„Со Георги Господинов се нурнувате во имагинарен свет каде што секоја буква се однесува на жена, секој збор осцилира помеѓу тагата и смислата за хумор…“ Le Nouvel Observateur
„Западната метафикција се среќава со источноевропската метафизика…“ World Literature Today
„Приказни кои изгледаат како деца од мешани бракови – со необично и незаборавно лице.“ Мирела Иванова, Капитал
ИЛИ-ИЛИ, Ваше право на добра КНИГА 😉