Промоција на новиот роман од Фросина Пармаковска

Почитувани,

по декемвриското објавување на новиот роман од Фросина Пармаковска, дојде време истиот да го промовираме и пред пошироката читателска јавност.

Во четврток (8 февруари) во 19ч19м, во Салон 19.19 при КИЦ, низ разговор со новинарот Васко Попетревски, писателката ќе проговори за процесот низ кој помина додека го создаваше нејзиниот петти роман „Се’ уште можам нешто да сторам“.

Ќе биде интересно!

Ве очекуваме 😉

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна