„Јета“ од Ивана Трајаноска, ново во „ПРОаЗА“

Почитувани,

денес од печат излезе „Јета“ од Ивана Трајаноска. Авторката е универзитетска професорка, писателка, преведувачка и интердисциплинарна истражувачка. Авторка е на романите „Разгледници“ (2008) и „Деса“ (2021), како и на неколку раскази на македонски и англиски јазик.

Јета е роман што длабоко навлегува во прашањата на мултикултурализмот, интеркултурализмот, припадноста и отуѓувањето, како и во слоевитите конструкции на личниот, националниот, верскиот но и женскиот идентитет во историскиот и современиот контекст на поранешна Југославија и денешна Македонија.

Се радуваме што добивме ново, квалитетно авторско име во нашата и Ваша популарна едиција „ПРОаЗА“.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна