За државата

Од (автор)М. Т. Кикерон

290,00 ден

Делото „За државата“ (De re publica) на Марк Тулиј Кикерон е напишано како филозофски дијалог во шест книги. Дејството е сместено во 129 г. пр. н. е., а главни учесници во дијалогот се Публиј Корнелиј Скипион Ајмилијан и неговиот пријател Гај Лајлиј, заедно со други угледни римски државници. Преку нивната расправа Кикерон ги разгледува прашањата за најдоброто државно уредување и за улогата на доблесниот граѓанин и државник во зачувувањето на општото добро. Делото е особено значајно и по познатиот „Сон на Скипион“ (Somnium Scipionis), во кој се истакнуваат моралната одговорност на државникот и високата должност да ѝ се служи на татковината.

„За државата“ не е зачувана во целост. Поголемиот дел од текстот е изгубен, а денешното издание се темели врз фрагменти, цитати кај подоцнежни автори и врз делови од изворникот откриени во XIX век на еден палимпсест од Ватиканската библиотека. И покрај фрагментарната зачуваност, делото претставува значаен извор за проучување на римската политичка мисла и за разбирање на Кикероновите политички и филозофски ставови.

ШИФРА: 623
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

131

Година на издавање

2026

Превод/Препев

превод од латински: Ања Кузмановска

Марк Тулиј Кикерон (106–43 год. пр. н. е.) е најистакнатиот претставник на римското беседништво, но и еден од најзначајните римски политички и филозофски мислители. Неговото дело „За државата“ (De re publica) е создадено во периодот меѓу 54 и 51 год. пр. н. е., во време на длабоки политички превирања во Рим. Во него Кикерон ги разгледува прашањата за природата и уредувањето на државата, правдата, законите и моралните должности на граѓаните, настојувајќи да ги поврзе грчката политичка филозофија и римското државничко искуство.