Промоција на „Род“ од Миљенко Јерговиќ

Промоција на „Род“ од Миљенко Јерговиќ

Драги читатели, Ви благодариме за присуството во голем број на 22 август во „Ла Кања“ во Скопската чаршија,  на промоцијата на романот „Род“ од авторот Миљенко Јерговиќ. Во продолжение видеото од настанот за оние кои го пропуштија, но пред тоа, уште едно потсетување на основните работи за овој magnum opus на популарниот писател. *** „Род“ […]

Португалскиот писател Бруно Виејра Амарал во Скопје

Португалскиот писател Бруно Виејра Амарал во Скопје

На 03 јуни, како дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ, наш и Ваш гостин во Скопје беше талентираниот португалски писател Бруно Виејра Амарал. Преводот на неговиот одличен роман „Првобитните нешта“ наиде на одличен прием кај домашните читатели. Повелете видео од промоцијата.

Промоција на „Малите прсти“ од Филип Флоријан

Промоција на „Малите прсти“ од Филип Флоријан

На 09 јуни во „Ла Кања“ се случи промоцијата на романот „Малите прсти“ од Филип Флоријан. Ова е прв превод од романски на македонски јазик во нашата и Ваша едиција „Проаза“, дело на Ермис Лафазановски, кој беше и промотор на книгата во присуство на авторот. Дејствието на романот, окарактеризирана како дело со оригинален нов јазик, […]

„Собирачи на пепел“ на Давор Стојановски е „Роман на годината“

„Собирачи на пепел“ на Давор Стојановски е „Роман на годината“

Со задоволство Ве информираме дека романот „Собирачи на пепел“ на Давор Стојановски е „Роман на годината“ на Утрински весник за 2016 година. По „Единаесет жени“ на Снежана Младеновска-Анѓелков (2011) и „Телото во кое треба да се живее“ на Петар Андоновски (2015), ова е трето издание на ИЛИ-ИЛИ кое ја добива оваа престижна награда. Повеќе за […]

Кристина Тот во Скопје

Кристина Тот во Скопје

На 10 август во Скопје гостуваше унгарската писателка Кристина Тот, чиј превод на романот „Аквариум“ го промовиравме во Скопската чаршија, како дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Ова не е прво нејзино гостување во нашиот град, претходно ја промовиравме нејзината одлична збирка со раскази „Пиксел“. Повелете видео запис од настанот.

Промоција на „Готленд“ од Мариуш Шчигел

Промоција на „Готленд“ од Мариуш Шчигел

На 25 август поминавме прекрасна вечер во чаршијата, промовирајќи ја книгата „Готленд“ во присуство на авторот Мариуш Шчигел. Преводот од полски на македонски јазик е на Лидија Танушевска, книгата на славниот полски автор ја промовираа Сашо Кокаланов и Ѕвездан Георгиевски, а за изборот на музиката беше задолжен Шурбе. Преводот и промоцијата се дел од програмата […]

Промоција на „Југославија, моја дежела“ од Горан Војновиќ

Промоција на „Југославија, моја дежела“ од Горан Војновиќ

На 27 јули имавме исклучителна можност да се запознаеме со еден од најталентираните писатели на новата генерација балкански автори, Словенецот Горан Војновиќ, чиј одличен роман „Југославија, моја дежела“ го преведовме и издадовме на македонски јазик. Еве што се случуваше таа вечер во чаршијата. Преводот и промоцијата на романот се поддржани од програмата „Креативна Европа“ на […]

„Европската награда за литература“ за Ненад Јолдески

„Европската награда за литература“ за Ненад Јолдески

Со задоволство Ве информираме дека младиот македонски писател Ненад Јолдески е добитник на наградата за литература на Европската унија. Европскиот комесар Тибор Наврашич за образование, култура, млади и спорт ги објави имињата на 12 добитници на оваа награда за 2016 година. Наградата ги одликува младите и талентирани автори од Европа. Покрај Јолдески, награда добија Тања […]

„Телото во кое треба да се живее“ на Петар Андоновски е „Роман на годината“

„Телото во кое треба да се живее“ на Петар Андоновски е „Роман на годината“

Со задоволство Ве информираме дека краткиот роман „Телото во кое треба да се живее“ на Петар Андоновски е „Роман на годината“ на Утрински весник за 2016 година. Ова е втор роман во издание на ИЛИ-ИЛИ кој ја добива оваа престижна награда. Повеќе за книгата и авторот на следниот линк: Телото во кое треба да се […]

За Бернхард Шлинк со преведувачката Ксенија Чочкова

За Бернхард Шлинк со преведувачката Ксенија Чочкова

Пo повод излегувањето на преводот на новата книга ЖЕНАТА НА СКАЛИТЕ од Бернхард Шлинк, разговор со преведувачката Ксенија Чочкова, која досега на македонски јазик ги преведе и останатите негови дела како ЧИТАЧОТ, БЕГСТВА ОД ЉУБОВТА, ВРАЌАЊЕ ДОМА, ВИКЕНД, ЛЕТНИ ЛАГИ, во издание на ИЛИ-ИЛИ.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна