Промоција на „Филмски град“ од Игор Анѓелков

Промоција на „Филмски град“ од Игор Анѓелков

На 08 октомври во фоајето на киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на втората есеистичка книга за седмата уметност од Игор Анѓелков, „Филмски град“. Промотори се Стефан Сидовски и Оливера Ќорвезироска. Почеток во 19.30. Повелете 😉

Саем на книга 2018

Саем на книга 2018

Драги читатели, посетете не’ на годинашниот Саем на книгата, имаме вистински книжевни изненадувања за Вас. Погледнете што е НОВО во клипот и изберете го Вашиот фаворит. Ве очекуваме 😉

БИТЛСИ од Ларс Соби Кристенсен

БИТЛСИ од Ларс Соби Кристенсен

…возбудлива приказна за растењето, преиспитувањето и созревањето во едно време кога многу работи изгледаа невино и наивно, но сепак, доволно предизвикувачки за да ги сменат настаните од корен… ИЛИ-ИЛИ, Ваше право на добра КНИГА

„Одбројување“ на Фросина Пармаковска е „Роман на годината“

„Одбројување“ на Фросина Пармаковска е „Роман на годината“

Со задоволство Ве информираме дека „Одбројување“ на Фросина Пармаковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017, што од оваа година ја доделува на Фондацијата „Славко Јаневски“. По „Единаесет жени“ на Снежана Младеновска-Анѓелков (2011), „Телото во кое треба да се живее“ на Петар Андоновски (2015) и „Собирачи на пепел“ на Давор Стојановски (2016), ова […]

Документарен филм „Еуропеана“

Документарен филм „Еуропеана“

Погледнете го документарниот филм како заокружување на нашиот тригодишен проект „Еуропеана“, за важноста на современата европска литература и нејзиното влијание врз локалната книжевна сцена, со изјави од македонски писатели и преведувачи, но и од европските автори, кои во изминатите години беа наши и Ваши гости.  

Промоција на „Крајот“ од Атила Бартиш

Промоција на „Крајот“ од Атила Бартиш

На 25 август во „Ла Кања“ го промовиравме интригантниот роман „Крајот“ во присуство на авторот Атила Бартиш. Еве видео запис за сите оние кои ја пропуштија оваа фина книжевна вечер во чаршија. Преводот и промоцијата на книгата се дел од проектот „Креативна Европа“ на ЕУ.

Промоција на „Род“ од Миљенко Јерговиќ

Промоција на „Род“ од Миљенко Јерговиќ

Драги читатели, Ви благодариме за присуството во голем број на 22 август во „Ла Кања“ во Скопската чаршија,  на промоцијата на романот „Род“ од авторот Миљенко Јерговиќ. Во продолжение видеото од настанот за оние кои го пропуштија, но пред тоа, уште едно потсетување на основните работи за овој magnum opus на популарниот писател. *** „Род“ […]

Португалскиот писател Бруно Виејра Амарал во Скопје

Португалскиот писател Бруно Виејра Амарал во Скопје

На 03 јуни, како дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ, наш и Ваш гостин во Скопје беше талентираниот португалски писател Бруно Виејра Амарал. Преводот на неговиот одличен роман „Првобитните нешта“ наиде на одличен прием кај домашните читатели. Повелете видео од промоцијата.

Промоција на „Малите прсти“ од Филип Флоријан

Промоција на „Малите прсти“ од Филип Флоријан

На 09 јуни во „Ла Кања“ се случи промоцијата на романот „Малите прсти“ од Филип Флоријан. Ова е прв превод од романски на македонски јазик во нашата и Ваша едиција „Проаза“, дело на Ермис Лафазановски, кој беше и промотор на книгата во присуство на авторот. Дејствието на романот, окарактеризирана како дело со оригинален нов јазик, […]

„Собирачи на пепел“ на Давор Стојановски е „Роман на годината“

„Собирачи на пепел“ на Давор Стојановски е „Роман на годината“

Со задоволство Ве информираме дека романот „Собирачи на пепел“ на Давор Стојановски е „Роман на годината“ на Утрински весник за 2016 година. По „Единаесет жени“ на Снежана Младеновска-Анѓелков (2011) и „Телото во кое треба да се живее“ на Петар Андоновски (2015), ова е трето издание на ИЛИ-ИЛИ кое ја добива оваа престижна награда. Повеќе за […]

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна