„Телото во кое треба да се живее“ на Петар Андоновски е „Роман на годината“

„Телото во кое треба да се живее“ на Петар Андоновски е „Роман на годината“

Со задоволство Ве информираме дека краткиот роман „Телото во кое треба да се живее“ на Петар Андоновски е „Роман на годината“ на Утрински весник за 2016 година. Ова е втор роман во издание на ИЛИ-ИЛИ кој ја добива оваа престижна награда. Повеќе за книгата и авторот на следниот линк: Телото во кое треба да се […]

За Бернхард Шлинк со преведувачката Ксенија Чочкова

За Бернхард Шлинк со преведувачката Ксенија Чочкова

Пo повод излегувањето на преводот на новата книга ЖЕНАТА НА СКАЛИТЕ од Бернхард Шлинк, разговор со преведувачката Ксенија Чочкова, која досега на македонски јазик ги преведе и останатите негови дела како ЧИТАЧОТ, БЕГСТВА ОД ЉУБОВТА, ВРАЌАЊЕ ДОМА, ВИКЕНД, ЛЕТНИ ЛАГИ, во издание на ИЛИ-ИЛИ.

Видео од промоцијата на стихозбирката „Црно на бело“

Видео од промоцијата на стихозбирката „Црно на бело“

Наградуваната авторка Лидија Димковска, по романите РЕЗЕРВЕН ЖИВОТ и реизданието на СКРИЕНА КАМЕРА, со нова поетска објава насловена ЦРНО НА БЕЛО, како старт на новата едиција ПОЕЗА на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, логично надоврзување на популарната прозна едиција ПРОаЗА. Повелете видео од промоцијата во МКЦ:

Нови наслови поддржани од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ

Нови наслови поддржани од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ

Драги читатели, во изминатиот период издадовме неколку навистина возбудливи романи од европски автори, како дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Погледнете го видеото и изберете го вашиот книжевен фаворит!

Книжевна вечер со Георги Господинов

Книжевна вечер со Георги Господинов

Драги читатели, Ви благодариме за бројната посета на промоцијата на преводот на романот „Физика на тагата“ од Георги Господинов, кој нескромно можеме да го прогласиме за книжевен настан на годината, но и на деценијата. За сите оние кои ја пропуштија оваа магична вечер, во прилог е видеото од настанот, но и генерално, од гостувањето на […]

Гостување на Оршоја Карафиат во Скопје

Гостување на Оршоја Карафиат во Скопје

Во рамките на програмата КРЕАТИВНА ЕВРОПА на ЕУ, во организација на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, а по повод преводот на романот МАЛЕЧКАТА ЛИЛИ, од 22 до 24 септември 2015 во Скопје гостуваше унгарската писателка Оршоја Карафиат. Се надеваме дека видеото ќе ви го доближи светогледот на оваа современа унгарска авторка, прилично популарна во нејзината земја.

Јубилејна 100. книга и 12 години постоење

Јубилејна 100. книга и 12 години постоење

Драги читатели и пријатели, во следниот период имаме убав повод за славје: издавањето на 100 наслов во едицијата „ПРОаЗА“ („Црвец“ од Џон Фаулс“) и 12 роденден, кој ќе го прославиме со многу нови книги и промоции. Ве очекуваме 😉

„Европската награда за литература“ за Лидија Димковска

„Европската награда за литература“ за Лидија Димковска

Со задоволство Ве информираме дека престижната „Награда за литература“ на Европската унија ја доби Лидија Димковска за нејзиниот прекрасен роман „Резервен живот“. Колегите направиле прекрасно видео со нашата ексклузивка, повелете погледнете го во прилог:

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна