Ново од ИЛИ-ИЛИ: „Кон езерото“ од Капка Касабова

Ново од ИЛИ-ИЛИ: „Кон езерото“ од Капка Касабова

Деновиве од печат излезе преводот на книгата „Кон езерото“ од Капка Касабова како засебно, специјално издание на нашата издавачка куќа. Преводот од англиски на македонски јазик на делото за кое изминатите години сите зборуваа и кое се закити со книжевни награди е на Бранислав Мирчевски. Краткиот вовед во книгата гласи: „Охридското езеро е од оние […]

„Мојот маж“ од Румена Бужаровска наскоро и на француски јазик

„Мојот маж“ од Румена Бужаровска наскоро и на француски јазик

На 08 септември, Денот на независноста на Македонија, угледната француска издавачка куќа „Галимар“ за прв пат ќе издаде дело од македонски автор. Се работи за збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, која кај нас веќе достигна осум изданија. За значењето на книгата и нејзиниот превод денеска пишува и порталот „Сакам да кажам“, во кој […]

Осврт кон романот „Колибри“ од Сандро Веронези

Осврт кон романот „Колибри“ од Сандро Веронези

На порталот „Плусинфо“, Срѓан Ивановиќ пишува за романот „Колибри“ од италијанскиот писател Сандро Веронези, кој од крајот на минатата година можете да го читате и на македонски јазик, во превод на Анастасија Ѓурчинова. Неговите импресии за добитникот на престижната книжевна награда „Стрега“ можете да ги прочитате на следниот линк: НОВО РЕМЕК ДЕЛО НА САНДРО ВЕРОНЕЗИ […]

Разговори со Хана Корнети за збирката раскази „Млечни заби“

Разговори со Хана Корнети за збирката раскази „Млечни заби“

Драги читатели, доколку сте се’ уште во Скопје, топла препорака да наминете вечерва во „Буква“, каде апсолвентките од Катедрата по општа и компаративна книжевност организираат средба и разговор со Хана Корнети за нејзиното книжевно деби – збирката раскази “Млечни заби.” Настанот, кој започнува во 20ч30м е од отворен карактер и сите кои сакаат да бидат […]

Видео запис од гостувањето на Кристина Тот

Видео запис од гостувањето на Кристина Тот

Прекрасна промоција се случи на 17 јуни во „Буква“, кога ни гостуваше популарната унгарска писателка Кристина Тот. Промотори на нејзината книга за деца „Приказни од облаци“ беа Калина Малеска и Николина Андова-Шопова. Повелете видео запис од настанот. #CreativeEurope4Books

Нова интернет страница и онлајн продажба на книги

Нова интернет страница и онлајн продажба на книги

Драги читатели и пријатели, Во годината во која го славиме 20-годишното постоење, со задоволство Ви ја претставуваме нашата нова веб-страница, на која можете да нурнете во работата на ИЛИ-ИЛИ во изминатите две декади. Сакавме прегледен и практичен сајт, и благодарение на екипата на MSP, успеавме да добиеме страница на која ќе се информирате за сите […]

„Денот на црвот“ од Симона Јованоска е „Роман на годината“ 2021 на Фондацијата „Славко Јаневски“

„Денот на црвот“ од Симона Јованоска е „Роман на годината“ 2021 на Фондацијата „Славко Јаневски“

Со задоволство Ве информираме дека книга издадена од ИЛИ-ИЛИ по петти пат се закити со престижната награда „Роман на годината“. Жирито на Фондацијата „Славко Јаневски“ овој пат го одбра дебитантскиот роман „Денот на црвот“ на Симона Јованоска како најдобар за 2021 година. „Денот на црвот е роман што од ред во ред, од страница во […]

Наградуваната книга „Тупаници“ од Пјетро Гроси на македонски јазик

Наградуваната книга „Тупаници“ од Пјетро Гроси на македонски јазик

Денес од печат излезе нова книга во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, „Тупаници“ од Пјетро Гроси. Преводот од италијански на македонски јазик е на Катерина Сотирова, а излегувањето на книгата е поддржано од „Креативна Европа“ на ЕУ и Министерството за култура. Раскажани со штеделив и моќен глас што потсетува на Хемингвеј, Селинџер и […]

(Видео) Животот на Прача Рузвелт/Невиност – Деа Лоер

(Видео) Животот на Прача Рузвелт/Невиност – Деа Лоер

Едиција „Сцена“ превод од германски јазик: Ксенија Чочкова Во оваа книга имате можност да се запознаете со драмското творештво на славната германска писателка Деа Лоер. Нејзините драми се преведени на повеќе од 30 јазици и се поставуваат насекаде низ светот. ИЛИ-ИЛИ, Ваше право на добра КНИГА #CreativeEurope4Books

(Видео) Нешто ќе се случи, ќе видиш – Христос Иконому

(Видео) Нешто ќе се случи, ќе видиш – Христос Иконому

Едиција „ПРОаЗА“ превод од грчки јазик: Петар Андоновски „Грчкиот Фокнер… една од најтрогателните хроники на економската криза што излезе од Грција“. La Repubblica ИЛИ-ИЛИ, Ваше право на добра КНИГА #CreativeEurope4Books

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна