“Естом“, нов роман од Николина Андова-Шопова

“Естом“, нов роман од Николина Андова-Шопова

Со задоволство Ве информираме дека деновиве од печат излезе вториот роман од Николина Андова-Шопова насловен „Естом“. По соработката на популарната сликовница „Кртот Ѕвездан“, каде авторката напиша прекрасна поема наменета за најмладите, ова е нов ракопис кој ИЛИ-ИЛИ го издава од добитничката на „Роман на годината“ за „Некој бил тука“. Повеќе за новата книга и авторката […]

Промоција на збирката раскази „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков

Промоција на збирката раскази „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков

Почитувани читатели, ја најавуваме промоцијата на неодамна објавената збирка раскази „Двојна експозиција“ од Игор Анѓелков во вторник, 06 септември, во МКЦ Клуб ресторанот со почеток во 20 часот. Промотори се Ана Мартиноска и Владимир Мартиновски, а музички настап ќе има актуелниот скопски бенд „Хајка“. Дојдете на убава дружба, Ве очекуваме 😉  

Видео запис од промоцијата на “Тупаници“

Видео запис од промоцијата на “Тупаници“

Вечерта на 27 август навистина беше прекрасна. Во „Буква“ не’ посетија многу студенти од Катедрата за италијански јазик, а со свое присуство не’ почести и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри. Пјетро Гроси беше во вистинска форма, „испровоциран“ од прашањата на одличните промоторки Ирина Талевска и Катерина Сотирова. Погледнете како помина промоцијата на одличната книга „Тупаници“ 😉 […]

Книжевни разговори со Пјетро Гроси

Книжевни разговори со Пјетро Гроси

Наш и Ваш гостин во саботата вечер беше Пјетро Гроси, чија книга „Тупаници“ ја промовиравме во „Буква“. Втората книга на италијанскиот писател предизвика големо внимание во матичната земја и се’ уште прeтставува негово најуспешно и најпреведувано дело. Ирина Талевска го води разговорот во кој Гроси зборува за книжевноста и влијанијата кои таа ги извршила врз […]

Промоција на „Тупаници“ од Пјетро Гроси

Промоција на „Тупаници“ од Пјетро Гроси

Почитувани читатели,  Ве покануваме во сабота во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ на промоцијата на книгата „Тупаници“ со присуство на италијанскиот писател Пјетро Гроси. Книгата ќе ја промовираат Ирина Талевска и Катерина Сотирова, која воедно е и преведувачка на делото на Гроси.   Критиката за овие исклучителни приказни не штедеше зборови:   „Пјетро Гроси напиша […]

Видео запис од промоцијата на “Еврејска работа“

Видео запис од промоцијата на “Еврејска работа“

Иако културната мапа на Скопје таа вечер изобилуваше со настани, гостувањето на полскиот писател Миколај Гринберг предизвика внимание, особено кај љубителите на квалитетната литература. Во „Буква“ на 18 август се случи уште една прекрасна промоција на книга благодарение на одличните протагонисти: промоторката Лидија Димковска со луцидните прашања, преведувачката Лидија Танушевска и нејзиниот јазичен перфекционизам, и […]

Книжевни разговори со Миколај Гринберг

Книжевни разговори со Миколај Гринберг

Минатата седмица наш и Ваш гостин беше полскиот писател Миколај Гринберг, чија книга „Еврејска работа“ ја промовиравме во „Буква“. Дебитантската збирка раскази предизвика големо внимание во матичната земја и веќе е преведена на неколку јазици ширум светот. Лидија Димковска одлично го води разговорот, во кој Гринберг се осврнува на својата проза, и секако, на сите […]

„Двојна експозиција“, нова прозна објава на Игор Анѓелков

„Двојна експозиција“, нова прозна објава на Игор Анѓелков

Почитувани читатели, Во понеделник ќе излезе новата книга на Игор Анѓелков насловена „Двојна експозиција“, како 210-то издание во едицијата „ПРОаЗА“. По неговата прва книжевна објава, збирката раскази „Кротки приказни“ (2006), авторот и’ се враќа на кусата прозна форма и ни „подарува“ дванаесет нови раскази поделени во шест целини, при што секоја од нив следи една […]

Промоција на „Еврејска работа“ од Миколај Гринберг!

Промоција на „Еврејска работа“ од Миколај Гринберг!

Почитувани читатели,Ве покануваме во четврток во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ на промоцијата на збирката раскази „Еврејска работа“ со присуство на полскиот писател Миколај Гринберг. Книгата ќе ја промовира нашата позната писателка Лидија Димковска.   Ова е книгата која имаше прекрасен прием во матичната земја, и за која Нобеловката Олга Токарчук потенцираше: „Овие мали проникливи […]

Поетска вечер со Лидија Димковска и Алеш Мустар во Битола

Поетска вечер со Лидија Димковска и Алеш Мустар во Битола

Вечерва со почеток во 19 часот во кафе-барот и културен центар „Везилка“ во Битола ќе се одржи книжевна вечер со македонската писателка и поетеса Лидија Димковска и словенечкиот поет Алеш Мустар. Во фокус ќе бидат нивните стихозбирки „Гранична состојба“ (награда „Браќа Миладиновци“ на СВП) и „Црно на бело“, како и „Средни години“, сите во издание […]

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна