Валтер Бенјамин, роден во 1892 година во Берлин, е еден од најоригиналните и најцитираните германски мислители на 20. век. Неговата критика на културата и општеството ќе го смести неговото име во редот на најголемите филозофи од Европа.

Овој избор под наслов „Илуминации: форми и фрагменти“, ги вклучува најзначајните негови есеи кои за првпат може да се читаат и на македонски јазик.