Вуди Ален е познат филмски и театарски режисер и актер. Покрај многубројните сценарија за филмови, автор е на неколку драми кои со голем успех се изведуваат насекаде низ светот.

Негови најпознати драмски текстови се: „Водата не е добра за пиење“ (1966), „Отсвири го тоа повторно, Сем“ (1969), „Лебдечката светилка“ (1981) и „Централ Парк Запад“ (1995).

Ален е автор и на три прозни збирки: „Израмнување на сметките“ (1971), „Без пердуви“ (1975) и „Несакани дејства“ (1981), кои содржат раскази, афоризми и кратки драми пишувани помеѓу 1960 и 1980 година.

  • Чиста анархија

    „Чиста анархија“, новата книга на Вуди Ален, се појавува по 25-годишна пауза, но ги содржи истите состојки како и неговите претходни дела, кои веќе стекнаа статус на класици. Збирката содржи осумнаесет кратки раскази и есеи, кои се пишувани помеѓу 2000-та и 2007-та година и од кои десет се претходно објавени во различни списанија, а осум се појавуваат за прв пат.

    И критиката и читателите се согласуваат дека Ален успеал да напише книга која, не само што ги одговара најдлабоките прашања на човековата егзистенција, туку и по димензии е совршена за да се стави под која било пократка ногалка од маса или стол за да го спречи непријатното нишање.

     

    „Расказите на Вуди Ален се интересни веќе педесет години. Како и неговите филмови, тие опфаќаат многу различни теми и мотиви, но го задржуваат аголот на гледање на реалноста и специфичниот литературен стил, не попуштајќи пред светот што постојано се менува.”

    The New York Times

    „Книгата Чиста анархија е напишана со добро познатиот дрзок и невротичен хумор на Вуди Ален, но збогатена е со некоја досега неоткриена густина. Апсурдноста и смеата сî уште суверено владеат во расказите на Ален.”

    A. V. Club

    „Како можете да не го сакате авторот кој ги спомнува Вилијам Батлер Јејтс и Тројцата глупаци во иста реченица, и кој во своите напливи на инспирација создава ликови како Фландерс Ларва и Е. Коли Бигс? Без оглед дали пишува за уметноста, сексот, храната или криминалот, Ален е неодоливо и експлозивно смешен.”

    New York Times Book Review

    250,00 ден
  • Нежно… навистина нежно

    И тоа се случи! Прозата на генијалниот Вуди Ален за прв пат на македонски јазик. Иако невротичниот Њујорчанец го препознаваме пред се по неговиот автентичен филмски јазик, сепак, неговата ‘луда потреба постојано да создава, бидејќи доколку си седи мадро, ќе полуди’ се состои и од многу напишани страници со раскази, кои, на некој начин, се дури и пооткачени од неговите филмови.

    Пред вас е изборот од 20 приказни, поместени во неговите три збирки раскази: „Израмнување на сметките”, „Без пердуви” и „Несакани дејства”, кои со својот несомнен хумор со сигурност ќе го разбудат заспаниот намќор во вас.

    Со среќа!

    333,00 ден