Зоран Фериќ (Загреб, 1961) дипломирал југославистика на Филозофскиот факултет во Загреб.
Раскази објавува во списанија и весници од 1987 година, но првата збирка раскази, „Стапицата за глувци на Волт Дизни“ ја објавува во 1996 година. Десет години подоцна за неа ја добива наградата „Декада“. За втората збирка раскази, „Ангел во офсајд“, објавена во 2000 година, ја добива наградата „Ксавер Шандор Гјалски“ и наградата на „Јутарњи лист“ за прозна книга на годината.
Првиот роман, „Смртта на девојчето со кибритчињата“, го објавува во 2003 година, а романот „Децата на Патрас“ излегува од печат во 2005 година. Шест години подоцна, во 2011 година, го објавува романот „Календарот на Маите“, за кој ги добива наградите „Владимир Назор“ на „Јутарњи лист“, наградата на градот Загреб и наградата „Киклоп“ што ја доделува саемот на книга во Пула.
Во 2015 година го објавува романот „На осамениот брег покрај морето“, а обемната семејна сага „Патувачки театар“ е објавена во 2020 година.
-
Додека ја преминуваш реката
Што се случува кога педесет и тригодишен писател во виорот на животот ќе сретне дваесет и двегодишна студентка по вајарство, која го “оживува” повторно? Романот Додека ја преминуваш реката мајсторски ја истражува суптилната рамнотежа помеѓу страста и табуата, минливоста на љубовта и вечните илузии.
Инспириран од познатиот роман Љубовникот на Маргерит Дирас, Фериќ пишува од перспективата на љубовникот, во едно поинакво време и простор. Неговиот текст пулсира со поетичност, страсна ирационалност и смелост што го предизвикува лицемерието на светот.
Ова не е само роман за љубовта – ова е огледало на човечката природа, каде возвишеното и вулгарното, нежноста и желбата се спојуваат во една електризирачка приказна што ќе ја паметите. Дива, нежна и трансгресивна приказна за љубовта што ги руши границите.
-
Смртта на девојчето со кибритчињата
„Смртта на девојчето со кибритчињата“ е првиот роман на Зоран Фериќ, автор познат по својот уникатен спој на црн хумор, гротеска и фасцинантни човечки судбини. Наизглед едноставната криминалистичка приказна за убиството на локалната проститутка и потрагата по убиецот се претвора во виор од необични настани и бизарни ликови – од ексцентрични чудаци до наизглед обични мештани кои ги кријат своите тајни.
Малиот островски свет на Фериќ не е само кулиса – тој е огледало на нашето секојдневие, гротескна преслика на реалноста која истовремено нè забавува и нè тера на размислување. Со доза фантазмагорична имагинација, романот ги истражува границите помеѓу нормалното и апсурдното, додека црниот хумор нè спасува од тежината на тој свет.
Ако сте подготвени за приказна која ќе ве насмее, ќе ве шокира, но и ќе ве натера да погледнете подлабоко под површината на човечката природа, овој роман ќе биде вашето незаборавно книжевно патување.
-
Календарот на Маите
„Календарот на Маите“ е роман за љубовта, но и за староста, за минливоста на времето. За насловот, авторот бил инспириран од романот „Под вулканот“ од англискиот автор Малколм Лаури, кој зборува за елиптичноста и релативноста на времето и во него впишаните животни судбини. Календарот е симбол на двојственостa што времето во својата минливост, во своето течение и во новото започнување, секогаш ја подразбира.
Во верзијата на Фериќ тоа е приказна која жанровски покрива разнолико подрачје, тоа е семејна сага, љубовен, еротски, општествен роман, роман за убавината и за ужасот, за сѐ она што на овој или оној начин го дефинира животот на човекот. Или да се „заузди“ смртта, што е еден од лајтмотивите на Фериќ.
590,00 ден -
На осамениот брег покрај морето
„Романот „На осамениот брег покрај морето“ е составен од девет приказни чии главни ликови се легендарните далматински „галеби“, тие сурови ловци на женски срца и тела, еден вид заштитен знак на југословенските летувалишта во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век.
Сместен на островот Раб, романот ги следи судбините на неколку (анти)херои и нивните бројни „подвизи“ на горчливо-духовит начин, специфичен за делата на Зоран Фериќ. Но, покрај машките ликови, слободно може да се каже дека поважни се блескаво разработените женски ликови, локални жителки и туристки, зашто тие ги диктираат нештата и околу нив се врти сѐ.
Растењето и созревањето, неуспешните љубови, фината меланхолија што провејува низ епизодите во кои ги следиме животните приказни на клучните ликови на ова дело го вовлекуваат читателот во временски не толку далечното, но со блага копнеж натопено минато“.
Теофил Панчиќ
400,00 ден