Автор/ка | |
---|---|
Број на страници | 126 |
Година на издавање | 2025 |
Превод/Препев | превод од хрватски: Владимир Јанковски |
Додека ја преминуваш реката
299,00 ден
Што се случува кога педесет и тригодишен писател во виорот на животот ќе сретне дваесет и двегодишна студентка по вајарство, која го “оживува” повторно? Романот Додека ја преминуваш реката мајсторски ја истражува суптилната рамнотежа помеѓу страста и табуата, минливоста на љубовта и вечните илузии.
Инспириран од познатиот роман Љубовникот на Маргерит Дирас, Фериќ пишува од перспективата на љубовникот, во едно поинакво време и простор. Неговиот текст пулсира со поетичност, страсна ирационалност и смелост што го предизвикува лицемерието на светот.
Ова не е само роман за љубовта – ова е огледало на човечката природа, каде возвишеното и вулгарното, нежноста и желбата се спојуваат во една електризирачка приказна што ќе ја паметите. Дива, нежна и трансгресивна приказна за љубовта што ги руши границите.
Зоран Фериќ (Загреб, 1961) дипломирал југославистика на Филозофскиот факултет во Загреб. Раскази објавува во списанија и весници од 1987 година, но првата збирка раскази, Стапицата за глувци на Волт Дизни ја објавува во 1996 година. Десет години подоцна за неа ја добива наградата „Декада“. За втората збирка раскази, Ангел во офсајд, објавена во 2000 година, ја добива наградата „Ксавер Шандор Гјалски“ и наградата на „Јутарњи лист“ за прозна книга на годината.
Првиот роман, Смртта на девојчето со кибритчињата, го објавува во 2003 година, а романот Децата на Патрас излегува од печат во 2005 година. Шест години подоцна, во 2011 година, го објавува романот Календарот на Маите, за кој ги добива наградите „Владимир Назор“ на „Јутарњи лист“, наградата на градот Загреб и наградата „Киклоп“ што ја доделува саемот на книга во Пула.
Во 2015 година го објавува романот На осамениот брег покрај морето, а обемната семејна сага Патувачки театар е објавена во 2020 година.