Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2016 |
Број на страници | 323 |
Превод/Препев | превод од шпански: Катерина Јосифоска |
заштеди
190,00 денБолеста на Монтано
200,00 ден390,00 ден
Литературата може да биде заразна, но исто така може да биде и единствено средство за спас. Барем такво е искуството на Хосе, „недоверливиот наратор“ на наградуваниот роман на Енрике Вила-Матас, човек и писател кој е толку опседнат со книгите на одредени славни автори, што не може да пишува или да каже збор без да се повикува на нивните дела или на нивните животи, и чијашто болка се претвора во вистинска болест од книжевноста, во неможност да го разликува вистинскиот живот од фикцијата.
Обидувајќи се да пишува и зборува за својот живот полн со загуба и болка, Хосе го води читателот на едно чудно патување низ повеќе градови во Европа, од Нант, Барселона, Лисабон, Прага и Будимпешта, па сè до Азорските острови и Валпараисо во Чиле.
Ова сложено постмодерно дело, кое во себе содржи траги од пикарски роман, интимен дневник, мемоар, филозофска скица, Вила-Матас го гради како еден вид на лавиринт во кој се среќаваат автори како Сервантес, Борхес, Кафка, Музил, Зебалд и Магрис. Напишан со извонредна вештина и ерудиција, овој роман го потврдува мислењето на современата критика дека Енрике Вила-Матас е еден од најзначајните шпански автори на денешнината.
Енрике Вила-Матас е роден во 1948 година во Барселона и е еден од најпреведуваните шпански писатели. Студирал право и новинарство. Работел како уредник на списание за филм и како филмски критичар, а на почетокот на седумдесеттите години режирал и два кратки филма. Добитник е на голем број меѓународни награди за книжевност.
Негови најзначајни романи се: „Лага“ (1984), „Дом за сите“ (1988), „Деца без деца“ (1993), „Далеку од Веракруз“ (1995), „Бартлби и дружината“ (2001), „Доктор Пасавенто“ (2005), „Истражувачи на длабочината“ (2007), „Даблинеска“ (2010).
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.