Бугати се појавува

Од (автор)Деа Лоер

150,00 ден299,00 ден

„Бугати се појавува“ го зема егзистенцијалното во визир, и ја бара смислата на животот по една целосно бесмислена смрт и наоѓа слики со голема продорност.

Деа Лоер поврзува два настана, кои во основа навистина се случиле: еден млад маж за време на карневалот во 2008 година во Локарно е тепан, газен и на крајот убиен од една група млади луѓе. Но колку подетално се реконструира злоделото од сложувалката од искази на сведоците, толку поконфузно и понејасно станува што (и зошто) навистина се случило. Да се најде виновникот или виновниците и покрај јасните докази е потешко одошто се мисли на почетокот, и затоа причините за да се разбере ова злодело можат само делумно да се откријат.

Еден пријател на семејството на жртвата бара друг начин: тој се присетува на една автомобилска хаварија, која од пред 75 години се наоѓа на дното на Лаго Маџоре: Бугати Брескија 22. Така барем се вели. Сите дотогашни обиди да се подигне автомобилот не биле крунисани со успех. И сега нурнувањето во длабочините езерото и на сопствениот понор станува авантура со неизвесен исход.

ШИФРА: 93
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2014

Број на страници

207

Превод/Препев

превод од германски: Ксенија Чочкова

Деа Лоер е родена 1964 година во Траунштајн. Студирала Филозофија и Германистика во Минхен, а денес живее во Берлин. Нејзините драми се преведени на повеќе од 30 јазици и се поставуваат насекаде низ светот.

За своето литературно творештво има добиено многубројни награди, меѓу кои наградата „Бертолд Брехт“ на градот Аугсбург (2006), како и книжевната награда на градот Берлин (2009).

„Бугати се појавува“ е нејзин прв роман кој во 2012 е номиниран за „Германската книжевна награда“.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.