Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2014 |
Број на страници | 150 |
Превод/Препев | превод од унгарски: Анамарија Цинеге Панзова и Златко Панзов |
заштеди
150,00 денЕдноминутни новели
100,00 ден250,00 ден
Едноминутните новели во Унгарија се слават како литературна сензација, како нов вид кратка прозна форма. Новелите се толку типично еркењски што никој не се осмелува да ги пишува, од почит кон нивниот татко. Еркењ со децении го оформувал овој жанр со цел да го приспособи кон својата духовитост.
Едноминутната новела настанува со исфрлање на сè што е неопходно за текстот, а функционира преку формулата „минимум исказ од страна на писателот и максимум имагинација на читателот.“ Во овие куси раскази обединети се елементи на анегдота, виц, бајка, легенда, мит, градски фолклор, новинарски жанрови. Авторот успева да создаде атмосфера во која се мешаат црниот хумор, апсурдот, параболата, политичката сатира.
Иштван Eркењ (1912-1979) е еден од најголемите унгарски писатели по Втората светска војна.
Тој е особено ценет по своето дело „Едноминутни новели”, кое доживеало голем број изданија, така што во Унгарија, тоа се смета како посебен жанр, како нов вид прозна форма. Со ова дело, Еркењ извршил огромно влијание врз современиот унгарски и општественото мислење.
Негови позначајни дела се: „Морска игра“ (1941, раскази), „Вороњеж“ (1947, пиеса), „Луѓето што рано стануваат“ (1951, збирка репортажи и раскази), „Сребрена пастрмка“ (1956, збирка скечови), „Мачкина игра“ (1966, роман), „Едноминутни новели“ (1967, кратки раскази).
Добитник е на наградите „Јожеф Атила“, „Кошут“ и „Наградата за црн хумор“ во Париз.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.