Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2009 |
Број на страници | 115 |
Ехо од бранови
199,00 ден
Хаибунот е хибриден жанр, сочинет од проза и хаику-поезија. На почетокот од еден од најпознатите јапонски хаибуни Oki-no-hosomichi, хаику-мајсторот Мацуо Башо (1644-1694) потсетува дека сите феномени во природата (од сонцето и месечината до годишните времиња) се „вечни патници“, така што и писателот во традиционалниот хаибун се доживува себеси пред сè како патник. Настанат како патописен жанр, хаибунот постепено добил мошне широк жанровски опсег, кој вклучува повеќе прозни облици: дневник, автобиографија, песна во проза, краток расказ, есеј, запис…
Современиот хаибун најчесто се фокусира на секојдневните искуства, како во природата, така и во урбаниот амбиент. Хаибунот неретко се споредува со уметноста на скицирањето. Овој жанр се дефинира како „наратив на епифанијата“: секојдневните настани, најчесто раскажувани во сегашно време, се прикажуваат како еден вид откровенија, како дел од едно „вечно сега“, кое се доловува пред сè преку комбинирањето на можностите на прозниот и поетскиот дискурс. Меѓу другото, оваа книга на Владимир Мартиновски го најавува интересот за овој древен жанр и во македонската современа книжевност.
Распродадено
Владимир Мартиновски (1974) работи како доцент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на катедрата за општа и компаративна книжевност. Член е на редакцијата на македонското списание за хаику „Мравка“.
Автор e на книгите: „Од слика до песна – интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“ (2003), „Морска месечина“ (2003), „Скриени песни“ (2005), „И вода и земја и оган и воздух“ (2006), „Споредбени триптиси“ (2007), „Аспекти на екфразиската поезија: Ш. Бодлер, В. К. Вилијамс, С. Јаневски, В. Урошевиќ, Џ. Ешбери и И. Бонфоа“ (на француски јазик, 2008) и „Ехо од бранови“ (2009).
Ги приредил книгите: „Ut pictura poesis – поезијата во дијалог со ликовните уметности“ (заедно со Нухи Винца, 2006) и „Метаморфози и метатекстови“ (заедно со Весна Томовска, 2008).
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.