Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2011 |
Број на страници | 270 |
Превод/Препев | превод од француски: Ацо Пероски |
заштеди
190,00 денЕсен во Пекинг
200,00 ден390,00 ден
Според публиката и критичарите, „Есен во Пекинг” е најсложениот и најуспешниот роман на Борис Виjан. Приказната се случува во една имагинарна пустина наречена Егзопотамија, каде сите главни ликови учествуваат во изградбата на железничка пруга која, всушност, не води никаде.
Со специфично мешање на црн хумор и апсурдни сцени, Виjан ја зачинува оваа „пустинска“ авантура со крајно ексцентрични ликови какви што не се забележани во светската литература, освен можеби во „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол.
Истовремено смешни и трагични, сериозни и апсурдни, допадливи и одбивни, овие незаборавни ликови живеат во мрачниот свет на Виjан, каде сè е можно, освен вистинската среќа.
Борис Вијан е исклучителна мултиталентирана личност, успешна како писател, џез музичар, актер, иноватор, преведувач, која што со силниот индивидуализам и храброста во изразот го одбележи интелектуалниот живот на Париз пред и по 2. св. војна. Што и да допреше овој уметник претставуваше пионерски потез и „домашна задача“ за идните генијалци како и за оние кои тоа сакале станат.
„Есен во Пекинг“ е еден од клучните романи во неговото богато портфолио, за кој читателите имаат исклучително позитивно мислење.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.