Ја проколнувам реката на времето

Од (автор)Пер Петешон

200,00 ден350,00 ден

„Приказната изобилува со Петешоновиот деликатен дијалог помеѓу сегашното и минатото јас. Додајте го ова чувство на длабоката археологија на емоции во секој извајан пасус кој понесманите писатели ќе ги натера да липаат од завист, а ние имаме уште еден мајсторски час во алхемизирањето на времето и губење во златото на уметноста”.

The Independent, Англија

„Моќно читателско искуство… возбудлив двоен портрет на мајка и син… Малкумина (ако и воопшто некој) можат да пишуваат за егзистенцијалните, универзално хумани прашања на начин кој е толку воодушевувачки и соодветен”.

Helsingør Dagblad, Данска

„Чесен, исцрпувачки и ироничен портрет на сложениот однос меѓу мајка и син. Приказна која го истражува човековиот недостиг на способност да комуницира како и неуспехот да ја разбере својата сопствена сложеност, оформена во проза која е и прецизна и прекрасна. Исклучително забавна и многу интимна приказна од највисок квалитет“.

Literature Nordica, Шпанија

ШИФРА: 53
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2011

Број на страници

228

Превод/Препев

превод од норвешки: Искра Ивановска

Пер Петешон е роден во Осло во 1952 г. во работничко семејство. Од осумнаесетгодишна возраст сакал да стане писател, но многу години не се ни осмелувал да се обиде затоа што бил сигурен дека нема да успее. Работел како книжар и преведувач.

Неговата прва книга „Пепел во устата, песок во чевлите“ ја објавил во 1987 г. на 35-годишна возраст, 17 години откако сфатил дека сака да биде писател. Оваа книга била прогласена за едно од најсензационалните деби изданија на деценијата во Норвешка.

Следат уште неколку романи, меѓу кои најголемо внимание кај критичарите и читателите предизвикаа „Одиме да крадеме коњи“, „Ја проколнувам реката на времето“ (ИЛИ-ИЛИ, 2011), „Во трагата на бродот“ (ИЛИ-ИЛИ, 2012), и секако, „Одбивам“, роман кој ја доби „Наградата на книжарите” во 2012 година.

Петешон е добитник и на повеќе литературни награди, меѓу кои и оние на „Нордискиот совет“, наградата „Браге“, наградата на норвешките критичари, како и на признанија од New York Times и Time Magazine.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.