Колибри

450,00 ден

Меѓународната сензација број 1 од мајсторот на европската литература, Сандро Веронези – добитник на италијанската Premio Strega – е сага за едно фирентинско семејство од 1960-тите до денес. Марко Карера е јунакот во оваа семејна приказна, тој е „колибри“, човек со речиси натприродна способност да остане мирен во хаосот на светот кој постојано се менува. Иако неговиот живот е преполн со емоционални предизвици, Марко продолжува со благороден стоицизам кој го побива интензитетот на живеењето.

Како прекрасно и привлечно патување низ времето раскажано во голем број наративни стилови, „Колибри“ е приказна за страдањето, среќата, загубата, љубовта и надежта – за човекот кој го отелотворува тивкиот хероизам што го дефинира секојдневниот живот на безброј обични луѓе. Потенцирајќи ја потребата да се гледа во иднината со надеж и да се живее со интензитет до самиот крај, ремек-делото на Сандро Веронези – читливо, богато со знаења и исполнето со интересни пресврти и откритија – е портрет на човековото постоење, перипетиите и каприците кои нè поттикнуваат и на крајот нè дефинираат.

ШИФРА: 206
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2021

Број на страници

360

Превод/Препев

Превод од италијански јазик: Анастасија Ѓурчинова

Сандро Веронези (1959) e еден од најреномираните современи италијански прозаисти. Автор е на повеќе романи и збирки раскази и е добитник на некои од најпрестижните книжевни награди во Италија и надвор од неа.

Со романот „Силата на минатото“ (2000) ги освои наградите „Кампиело“ и „Вијареџо“, за романот „Тивок хаос“ (2005) ја доби најпознатата италијанска награда „Стрега“ 2006, како и две значајни признанија во Франција: наградата „Фемина“ и „Медитеран – странци“. Овој роман со успех беше пренесен и на филмското платно од страна на режисерот Нани Морети во 2008.

Со најновиот роман „Колибри“ (2019) Веронези го повтори успехот, освојувајќи ја по вторпат наградата „Стрега“ за 2020 година.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.