Крајот

Од (автор)Атила Бартиш

300,00 ден450,00 ден

„Приказна за еден фотограф, кој… Не: приказна за еден маж, кој… Не: приказна за една љубов, која… Или приказна за повеќе љубови кои меѓусебно… Или приказна за една држава која… Ех, да оставиме. Овој роман ни дава сè што може да ни даде еден роман: вистина, искреност, атмосфера, фабула… Сеедно дали читателот ќе го смета Андраш Сабад за манијак, или пак смртно ќе се вљуби во него, секако ќе почувствува дека само така вреди да се живее, како него: со таков оган“.

Иштван Кемењ

ШИФРА: 155
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2017

Број на страници

605

Превод/Препев

превод од унгарски: Златко Панзов

Атила Бартиш, еден од наинтригантните унгарски писатели на денешницата, е роден во 1968 година во Романија во семејство на унгарското малцинство. Неговиот татко, новинар, е во немилост на режимот на Чаушеску па семејството се сели во Будимпешта. Атила Бартиш таму работи како успешен фотограф, но 1995 година со романот „Прошетка“ го најавува својот исклучителен книжевен талент а критиката го споредува со Кафка и Ками. За романот „Спокој“, објавен 2001 година ги добил наградите Тибор Дери и Шандор Мараи. Според романот, Роберт Алфелди во 2008 година го снимил истоимениот филм.

Останати негови дела: „Синкава магла“ (збирка раскази, 1998), „Апокрифите на Лазар“ (есеи, 2005), „Тишината, така“ (фотодневник, 2010), „За она за што може“ (со Иштван Кемењ, разговори за книжевност и фотографија, 2010), „Четиринаесет новели“ (2010), „Крајот“ (роман, 2015), „Опишување на светот“ (фотографии, Иштван Кемењ, текст, 2016).

Неговите дела се преведени на повеќе јазици.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.