Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2009 |
Број на страници | 294 |
Превод/Препев | превод од германски: Ива Фиданчева |
Мерење на светот
299,00 ден
Романот „Мерење на светот“ е базиран врз историски настани од 19 век поврзани со двајца славни научници – истражувачот Александар фон Хумболт и математичарот Карл Фридрих Гаус, кои се зафаќаат со неверојатен потфат: секој од нив на свој начин се обидува да го измери светот.
Хумболт патува низ прашуми и степи, плови по реки и мориња и се искачува по планини, ги истражува егзотичните цивилизации, се бори со морски чудовишта и човекојадци.
Гаус пак своите истражувања ги врши со математички формули, без воопшто да го напушти родниот град Гетинген.
Двајцата легендарни научници се сретнуваат само еднаш во животот – во Берлин во 1828 година, кога веќе се славни, стари и по малку сенилни.
Околу оваа историска средба Келман ја гради својата хумористична и динамична приказна, која си игра со реалноста и фикцијата и е преполна со возбудливи епизоди, впечатливи ликови, неверојатни сплетки и интересни истражувања на европскиот, и особено германскиот “научен дух”.
Out of stock
Даниел Келман е роден во 1975 година во Минхен. Живее во Виена, каде што студирал филозофија и книжевност.
Пишува романи, раскази и есеи и добитник е на бројни книжевни награди. Важи за еден од најзначајните млади автори на современата германска литература.
Досега ги има објавено следниве романи: „Времето на Малер“ (1999), „Далечно место“ (2001), „Јас и Камински“ (2003), „Мерење на светот“ (2005) и „Слава“ (2009).
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.