Простување

Од (автор)Кица Колбе

399,00 ден450,00 ден

Првото нешто што го здогледа низ големите прозорци кога се разбуди беше езерото.Врнеше, а езерото се брануваше силно, како да вриеше.Темно и намуртено изгледаше. Си свари кафе како што понекогаш му правеше мајка му, во најмалото од трите ѓезвиња што ги најде во еден од плакарите.Немаше машина за кафе, како дома, во Берлин.Кафето го беше направил многу ретко, повеќе кафеава  топла вода, ама и тоа беше доволно за денот да започне со неговиот вообичен ритуал. Седна крај големата маса, крај  лаптопот и бележникот.Немаше во себе сеќавање на езерото во дожд.Впрочем, немаше ниту сеќавање на езерото при сончево време, како што беше вчера. За езерото ја имаше само таа слика на мрачна, разбранувана  длабока вода, без дно.Сега, додека го слушаше шумолењето на дождот врз  големите окна, му се чинеше дека тој ги мие невидливите лузни кои ги оставиле во оваа куќа неговите предци. Имаше силно чувство на сочувство не само со тагата на татко му во овие соби, туку и со страдањето на тие предци кои живееле во куќава, а тој пра-правнукот не знае ништо за нив. Тоа не му пречеше да си ги замисли, без имиња и без лица, само како низа во времето кое го паметеа овие  бели ѕидови.

ШИФРА: 233
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

272

Година на издавање

2024

Кица Колбе (1951) студирала  филозофија  на универзитетите во Скопје и Белград. Магистрирала на естетиката на Теодор В. Адорно, а докторирала  на германската естетика од 18-от век. Неколку години работела на катедрата за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје..

Од 1990-тата се посветува целосно на прозата, особено на романот.

Нејзини дела се: Егејци (Култура, Скопје, 1990), Снегот во Казабланка, (Три, Скопје,  2005  Магор, Скопје, 2007), Жените Гаврилови (Табернакул, Скопје 2008, Или-Или, 2021), Река  во наследство,  Ein Fluss als Erbe, (Скопје и Лангенфелд, 2009), Витезот и Византијката (Или-Или, 2020), Земја на бегалци (Или-Или, Скопје, 2018, 2023).

Снегот во Казабланка е добитник на наградата Роман на годината 2006. 

Жените Гаврилови  во 2009 г. номиниран за наградата Балканика.