Првиот универзитетски ден на мојата ќерка

250,00 ден

„Во Првиот универзитетски ден на мојата ќерка ништо не е така како што навидум изгледа (дури ни здравите јаболка на масата во болно време!); но, затоа пак, сè е беспрекорно како што беше и во Гаргара; сè е како што треба да биде во секоја одлична книга која решително ги совладува локалните сопки на патот кон универзалната, севремена и сепросторна литература“.

Оливера Ќорвезироска

Out of stock

ШИФРА: 123
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2016

Број на страници

134

Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген, но поголемиот дел од животот го минува во татковината. Дипломирал во Скопје на катедрата за македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Работел на универзитетите во Лавов (Украина), Катовице (Полска) и Брно (Чешка). Докторирал во Полска во 2009 година.

Автор е на 5 книги од областа на лингвистиката и на романот „Гаргара“, финалист на „Роман на годината 2014“ на Утрински весник.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.