Стравот на голманот од пенал

Од (автор)Петер Хандке

100,00 ден199,00 ден

„На монтерот Јозеф Блох, кој порано беше познат голман, претпладнето кога се пријави на работа, му соопштија дека е отпуштен.”

Така почнува новелата на Петар Хандке, која веќе стана класика. Таа не е ниту психограм на еден убиец, ниту патолошко истражување за некаков социјален аутсајдер, туку повеќе парабола за еден непознат свет кој повеќе не може да се именува.

Хандке мајсторски го опишува очајот на поединецот, неговата изгубеност и истрошеност во современиот свет, депресијата и морничавоста на Европа во времето на Студената војна и малограѓанската австриска провинција. Сите нијанси на стравот пред самиот себе и својата околина се откриваат пред читателот низ особениот стил на Хандке.

Јозеф Блох е вистински антијунак, од ден на ден во сè поголем расчекор помеѓу својот внатрешен живот и надворешниот свет на реалноста, а неговата шизофренија одлично ја оцртува состојбата на епохата.

„Стравот на голманот од пенал“, според кој Вим Вендерс го сними прочуениот истоимен филм, го лансираше Петер Хандке меѓу најважните европски писатели во втората половина од 20. век.

ШИФРА: 32
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2009

Број на страници

122

Превод/Препев

превод од германски: Ива Фиданчева

Петар Хандке (1942 год., Грифен, Австрија) е романсиер, драматург, поет, есеист, сценарист и преведувач. Автор е на многубројни драми, романи, есеи, песни, тесктови, сценарија.

Дебитира со романот „Стршлени” во 1966 год. Негово најпознато дело е ,,Стравот на голманот од пенал” од 1969 год, кое во 1971 год. го преработува во сценарио за истоимениот филм на Вим Вендерс.

Автор е многубројни дела, меѓу кои драмата „Каспер” од 1967 год.; сценариото за филмот „Небото над Берлин” на Вим Вендерс од 1987 год.; „Дон Жуан“ (раскажан од него самиот), роман 2004, „Кали. Предзимска приказна”, роман 2007, „Моравска ноќ”, раскази 2008; бројни драми, есеи, текстови, збирки поезија и др.

Со есејот „Патување во зима на реките Дунав, Сава, Морава и Дрина или правда за Србија” од 1996 год., во кој Хандке ги обвинува западните медиуми и интелектуалци дека зазеле погрешен став наспрема војните во некогашна Југославија, предизвика многу контроверзи, кои траат до ден денес.

За своите книжевни дела добитник е на најразлични меѓународни награди и признанија.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.