Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2013 |
Број на страници | 397 |
Превод/Препев | превод од полски: Лидија Танушевска |
Талкачи
420,00 ден
Романот „Талкачи” на Олга Токарчук е метафора за современиот човек, кој е во постојано движење. Романот претставува патување низ просторот, континентите и вековите, мешавина од судбини на различни луѓе, информации за необични феномени и научни предавања, кои читателот ги конзумира како во воз чии патници постојано се менуваат и раскажуваат различни приказни. Целта на патникот е да се откачи од реалноста, која е хаотична, сурова и гнила, додека современиот човек е талкачот кој го преуредува светот.
Ова е личната визија на Олга Токарчук за светот, чиј напредок го уништува духовното, а го овековечува материјалното.
„Талкачи“ е добитник на полската награда „Нике” за 2008 г.
Out of stock
Oлга Токарчук (1962) е родена во Сулехув, Полска. Taa e писателка, есеистка, авторка на сценарија, поетеса. Завршила психологија на Варшавскиот Универзитет.
Непосредно по студиите работела како психотерапевт, но откако нејзините први литерарни творби се здобиле со популарност, ја напуштила работата. Оттогаш живее во рурална средина на планинскиот масив Судети, во Западна Полска, а пејзажите и културата на таа средина провејуваат во неколкуте нејзини објави.
Авторка е на десетина романи и збирки раскази и добитничка на неколку престижни литературни награди. Води прозаистичка работилница на Јагјелонскиот Универзитет во Краков, како и предавања по креативно пишување на Универзитетот во Ополе.
Ѝ припаѓа на партијата на Зелените и следбеник е на проеколошките, феминистичките и пацифистичките идеи и заложби за човековите права, општествената праведност и развој.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.