Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2015 |
Број на страници | 88 |
Телото во кое треба да се живее
150,00 ден
Во кафезот е темно. Првин и се чини дека е празен, но потоа забележува дека во аголот лежи нешто стуткано. Како што се доближува до кафезот, тоа нешто почнува да и изгледа сè поголемо и поголемо. Се доближува толку блиску до шипките што морници и поминуваат по телото од помислата што може да и се случи. Тоа нештото се поткрева и таа го препознава. Телото и се згрчува од страв. Почнува да ја фаќа паника што ја парализира целосно. Тоа е тој. Тој пред кого очите се отвораат со ужасеност и страв. Тој од кого телото ти го фаќаат такви грчеви што помислуваш дека никогаш повеќе нема да се ослободиш. Таа не е во зоолошка, таа е в затвор. Тој лежи во својата ќелија. Таа се доближува уште поблиску, иако срцето си го чувствува како и чука во петици. Тој ја погледнува право в очи. Првпат нивните погледи се сретнаа. Првпат телата им се толку блиску едно до друго. Само металните шипки ги делат. Тој ја гледа крволочно. Мирисот на крвта што до пред малку го чувствуваше, повторно почна да го чувствува, но овојпат тоа не е крв на некое животно туку нејзина крв. Таа го знае тој мирис.
*Книгата ја доби наградата „Роман на годината“ на Утрински весник за 2015 година
Out of stock
Петар Андоновски (1987) e aвтор е на книгите “Ментален простор” (поезија, 2008), “Очи со боја на чевли” (роман, 2013), “Телото во кое треба да се живее” (роман, 2015).
Неговиот роман “Очи со боја на чевли” влезе во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ на Утрински весник.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.