Автор/ка | |
---|---|
Број на страници | 120 |
Година на издавање | 2023 |
Превод/Препев | превод од германски јазик: Ксенија Чочкова |
Зашеметен
250,00 ден
„Зашеметен е мајсторско дело што не ја крие Ахиловата пета: Тоа е естетско суверен, но и ранлив портрет на човекот на прагот од епохата“. Мајк Фесман, Зидојче цајтунг
„Берфус пишува роман за едно време во кое извесноста се рони, а иритациите растат“. Карин Гросман, Зексише цајтунг
„Само романите што многу ризикуваат се вистински литературни доживувања. А Зашеметен Е литературно доживување“. Филип Тајсон, НЦЦ
Лукас Берфус е роден 1971 година во Тун, Швајцарија. Пишува драми, романи, есеи. Неговите драми се играат насекаде низ светот, а неговите романи се преведени на повеќе од дваесет јазици.
За своите дела е награден со повеќе награди меѓу кои: Литературната награда на Берлин (2013), Швајцарската награда за најдобар роман (за „Коала во 2014), наградата Николас Борн (2015) и наградата Георг Бихнер (2019).
Со романот „Зашеметен“ беше финалист за Наградата за најдобар роман на Лајпцишкиот саем на книгата.