ИЛИ-ИЛИ на „Фестивал на книгата“

Драги читатели,

освен традиционалниот Саем на книга во мај, од оваа година започнува уште една манифестација на која со драго срце ќе учествуваме со цел да се сретнеме со Вас и да помуабетиме за Вашите книжевни вкусови.

Од 07 до 12 септември сме на паркингот пред спортската сала „Борис Трајковски“ со штанд на кој ќе ги најдете нашите изданија, како и секогаш, со одлични попусти.

Доколку не сакате да не’ посетите таму, можете да дојдете и во книжарница, каде ќе важат истите цени на книгите.

И најважното, за оние кои нема да се одлучат за ниту една од двете претходни опции, нарачајте ги вашите омилени наслови преку нашава веб страна, на која се потрудивме да ги истакнеме сите попусти на книгите за време на манифестацијата. Имате две опции, нарачаните книги веднаш да ги платите со картичка, или пак во готово, при доставата на каргото до вашата домашна адреса. За нарачани книги над 900 денари, поштарината е на наша сметка. Разгледајте, читнете и одберете ја вашата „книжевна зимница“ по супер цени.

Ве очекуваме!

ИЛИ-ИЛИ

Ваше право на добра КНИГА 😉

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна