Промоција на „Еврејска работа“ од Миколај Гринберг!
Почитувани читатели,
Ве покануваме во четврток во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ на промоцијата на збирката раскази „Еврејска работа“ со присуство на полскиот писател Миколај Гринберг. Книгата ќе ја промовира нашата позната писателка Лидија Димковска.
 
Ова е книгата која имаше прекрасен прием во матичната земја, и за која Нобеловката Олга Токарчук потенцираше: „Овие мали проникливи прози истовремено се трогателни и вознемирувачки. Доколку дијагнозата е точна, имаме голем проблем во Полска“.
 
Преводот од полски на македонски јазик е на Лидија Танушевска, а излегувањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. #CreativeEurope4Books
 
Ве очекуваме!
 
 
Повеќе за книгата и за авторот на следниот линк:
 
0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна