Промоција на „Тупаници“ од Пјетро Гроси
Почитувани читатели, 

Ве покануваме во сабота во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ на промоцијата на книгата „Тупаници“ со присуство на италијанскиот писател Пјетро Гроси. Книгата ќе ја промовираат Ирина Талевска и Катерина Сотирова, која воедно е и преведувачка на делото на Гроси.
 
Критиката за овие исклучителни приказни не штедеше зборови:
 

„Пјетро Гроси напиша три приказни кои можеби и самите сте сакале да ги напишете“. Ла Република

„Постои повеќе моќ и патос во ова кратко парче безвременска проза отколку во повеќето густо напишани романи“. Даниел Хан, Индипендент

“Неговата страст кон Хемингвеј, Фокнер и Филип Рот може да си види во ова едноставно, прецизно и интензивно пишување“. Ил Џурнале

 
Гостувањето на авторот и преводот на книгата се дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. #CreativeEurope4Books
 
Ве очекуваме!
 
 
Повеќе за книгата и за авторот на следниот линк:
0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна