Промоција на „Естом“ од Николина Андова Шопова

Со задоволство Ве информираме дека вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“, како дел од фестивалот „АртAреа 6“, ќе биде промовиран новиот роман „Естом“ од Николина Андова Шопова, кој излезе неодамна како 212 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“.

Промотор на книгата ќе биде Владимир Јанковски, кој во освртот кон книгата пишува:

“Романот „Естом“ е книга во која Николина Андова Шопова продолжува да истражува некои од темите кои се карактеристични за нејзиното творештво: необичните човекови судбини, судбините на чудаци кои се разликуваат од околината во која живеат, верувањето во ирационалното и неискажливото како важен елемент на човековиот живот, чувството дека човековиот живот се состои од мигови кои не можат целосно и до крај да се објаснат. Таков „чудак“ кој живее според сопствени правила е и главниот лик во романот „Естом“ – пантомимичарот Олег. Врвен во она што го прави, целосно посветен на својата уметност и умешност, Олег наликува на оние уметници кај кои нивниот уметнички сензибилитет целосно се поклопува со нивниот живот и судбина.  Живеејќи според поетиката на отсуството, на невидливото, на силината на световите што самиот ги создава, а се помоќни од каква било „реалност“, тој успева својот живот целосно да го поистовети со својата уметност“

Ве очекуваме 😉

Естом

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна