
Промоција на романот „Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков
Драги читатели и пријатели,
Ве покануваме на промоцијата на актуелниот роман „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков, на 23 април (среда) од 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“. Авторката и Марија Стефанова (психолог/психотерапевт) низ разговор ќе ја претстават содржината на овој кус, но силен роман објавен кон крајот на минатата, 2024 година.
Романот што започнува како потрага по личните приказни на сезонските работници во Сплит, Република Хрватска, неочекувано го менува правецот во вивисекција на човештвото и соочување со болката од исчезнатите морални вредности. Во ослабена физичка, и дискутабилна ментална состојба, протагонистката низ едно деноноќие се соочува со неморалното и срамно однесување на поединците за кои вели дека се производ на разнишаните општествени столбови и се директна закана за опстанокот на човекот како разумно суштество. Романот е критика на современото општество, а истовремено и моќен глас во копнежот по чесност, вистинољубивост и праведност.
Ве очекуваме 😉