
Три во едно: „Кротко-крајпатни синтези“ од Игор Анѓелков
Драги читатели,
Ве информираме дека утре од печат излегува специјалното издание насловено „Кротко-крајпатни синтези“, кое ги содржи првите три објавени книги од Игор Анѓелков: збирката раскази „Кротки приказни“ (2006) и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013).
„Кротки приказни“ е одамна распродадена, и ова ќе биде нејзино прво реиздание, додека романите досега имаа две изданија, но и нивните количини веќе одредено време беа исцрпени. Во меѓувреме авторот стигна до бројката од 11 објавени книги, а читателите што ги засакаа неговите актуелни изданија од последниве години, со ова издание ќе имаат можност да се запознаат и со неговите преокупации на почетоците од книжевната кариера.
Затоа, доколку го сакате раскажувачкиот стил на Анѓелков, топла препорака за оваа неформална трилогија во специјално руво.