Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2020 |
Број на страници | 235 |
Превод/Препев | / |
Облици на моќ во современата книжевност
250,00 ден
Наведените книжевни мислители сметаат дека литературата има своја структура независна од општествено-политичката реалност, дека читањето поезија или приватните меѓучовечки односи не се израз на политички став. Зошто ваквите гледишта се толку влијателни и широко распространети?
Причината, барем делумно, се должи на тенденцијата за идеализирање на литературата; на неиздржаниот став дека може да постојат трајни вредности што не зависат ниту од времето во кое авторот творел ниту од местото каде што живеел; на стравот дека ако се признае дека книжевноста зависи од општествените околности, тогаш треба да се прифати дека не важат таканаречените „објективни“ критериуми за процена на едно дело книжевно.
Калина Малеска (1975) е писателка и професорка по книжевност.
Авторка е на следниве книги: збирките раскази „Недоразбирања“ (1998), „Именување на инсектот“ (2008) и „Мојот непријател Итар Пејо“ (2016); романите „Бруно и боите“ (2006) и „Призраци со срмени нишки“ (2014), драмата „Случка меѓу настани“ (2010) и книжевната студија „Transformation of the Discourse of Power in Literature“ (2016).
Нејзини раскази и книжевно-истражувачки текстови се објавени во повеќе списанија во Македонија и во странство, а расказот „Поинаков вид оружје“ е дел од антологијата „Best European Fiction 2018“.
Нејзина прва книга за деца е „Арно ама“ (2018), по која следеше и „Вонземјанинот Лу-Ру-Су“ (2021).
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.