Гранична состојба

200,00 ден

„Песните од новата стихозбирка на Лидија Димковска се директен одговор на горливите прашања кои ги поставува актуелниот миг, и кои се поврзани со егзистенцијалните тегобности, личното и колективното сеќавање, односот на историјата и сегашноста, мигрантството, засилувањето на ксенофобијата, исчезнувањето на хуманоста и солидарноста, неизвесностите на постоењето – сето она што ни го донесе почетокот на векот, или што ние му го донесовме на овој век, од кој истрошивме дваесет и една година. Тие се песни на храброст и непомирливост, на искреност и на бескомпромисност, квалитети кои отсекогаш биле карактеристики на поетиката на Димковска. Од друга страна, наспроти овие одлики-константи, тоа е поетика која низ годините, од првообјавата „Рожби“ пред скоро три децении, па сè до денес, постојано се метаморфозира и развива, и сега е дојдена до степен на потполна отвореност кон фактографското, кон наративното, кон промислување на суштествувањето низ поетското создавање. Согледана во таа развојна низа, „Гранична состојба“ претставува една од кулминативните точки во творечкиот опус на Димковска“.

Гоце Смилевски

 

*Стихозбирката е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП 2021 година

ШИФРА: 285
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2021

Број на страници

74

Лидија Димковска (1971, Скопје) е поетеса, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик.

Објавила шест поетски книги: „Рожби од Исток“ (1992), „Огнот на буквите“ (1994), „Изгризани нокти“ (1998), „Нобел против Нобел“ (2001), „Идеална тежина“ (2008), „pH неутрална за животот и смртта“ (2009) и „Црно на бело“ (2016);

три романи: „Скриена камера“ (2004), „Резервен живот“ (2012) и „Но-Уи“ (2016);

американскиот дневник „Отаде Л“. (2018)

и една збирка куси раскази: „Кога заминав од Карл Либкнехт“ (2019), преведени на повеќе јазици.

Учествувала на голем број меѓународни книжевни средби, читања и резиденции низ светот.

„Гранична состојба“ е нејзина седма поетска книга.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.