Мишел Уелбек (1958), кој е прогласен за најголем мизантроп на новата француска литература, а во исто време е и жесток критичар на нехуманоста, декаденцијата и нихилизмот на капиталистичкото опстество, својот пробив на книжевниот пазар делумно го должи и на радикалните антиклерикални и антиисламски ставови. Но, и покрај тоа, европската книжевно-критичарска сцена го смета за најважен француски писател по Сартр.

По објавувањето на неколкуте наградувани збирки поезија на почетокот на 90-те, неговиот романсиерски период започнува со „Проширување на полето за борба” во 1994 година, а продолжува четири години подоцна со „Елементарни честички”.

„Платформа” од 2001 е негов трет, и можеби најконтраверзен роман, а минатата година го издаде „Можноста на еден остров”, со кој влезе во најтесниот круг за Гонкуровата награда.

  • Платформа

    Во романот „Платформа”, Уелбек со изострен говор го претставува потрошувачки настроениот, и пред се’ непродуховениот западен човек, како и неговата опсесивна зависност од секс-туризмот во азиските земји. Како спротивност на тоа, писателот суптилно го наметнува, и критикува, се повеќе присутниот исламски радикализам и тероризам.

    Сексуалната еманципација, како мит за сексуалното ослободување, Уелбек ја смета за лага зад која стои индустријата, а не вистински осознаената потреба за еманципација. Во услови на наметната сексуална опсесија во западното општество, тој укажува на неможноста за опстојување на вистинската љубов.

    370,00 ден