Рејмонд Клеви Карвер (25.5.1938–2.8.1988) е автор на кратки раскази и поезија. Тој фигурира на самиот врв на американската литература во 20 век, а особено е значаен поради ревитализација на кратката прозна форма во 80-те години.

Има објавено пет збирки со раскази: „Ве молам бидете тивки, ве молам?“ (1976), „Фуриозна сезона“ (1977), „За што зборуваме кога зборуваме за љубовта“ (1981), „Катедрала“ (1984) и „Слон“ (1988).

Според неговите прекрасни приказни, во 1993 година режисерот Роберт Алтман го сними антологискиот филм „Кратки резови”.