Прикажани се 3 книги

  • Среќните луѓе не слават родендени

    Среќата денес е преценета работа. Денес полесно се доаѓа до среќа отколку во мое време. Секој втор локал е за игри на среќа, останатите се за брзи кредити за оние што немале среќа во игрите на среќа. Да, точно, има толку многу продавници каде што може да се купи среќа, цели зони каде што бесплатно или за мали пари може да се остварат најскриените желби. Ти се мочам јас на таквата среќа!

    Јас се враќам од една таква зона, стари, од една таква продавница. Се враќам среќен, но за среќа тоа сум само јас, еден крајно добродушен и скромен човек. Во право си, среќата не е за секого. Замисли што ќе се случи кога сите ќе поверуваат во таа соба и кога сите ќе отидат брзајќи во зоната. Сите тие потенцијални императори, големи инквизитори, фирери од сите провениенции… И оние најлошите, таканаречените спасители на човештвото!

    Во право си. Среќата не е за секого. 

    320,00 ден
  • Ши

    Рекоа за „Ши“:

    „Ова дело е доказ дека кога на едно место ќе се сретнат брилијантен ум, ерудитско знаење, остроумен хумор и талент за пишување, не мора по секоја цена да излезе добар роман“.
    Коља Мрак

    „Толку често сум цитиран во романов, што во еден момент помислив дека јас сум го напишал“.
    Валтер Бенјамин

    „Мислам дека гавранот е земен од кај мене“.
    Едгар Алан По

    „Ми се допадна местото во книгата каде што авторот вели дека ги сака моите кратки раскази, но не би се согласил со него за моите филмови – тие се исто така многу добри“.
    Вуди Ален

    „Никогаш не сум носел чадор, а не пак, да сум удрил некого по глава. Но, тоа што сум претставен така многу зборува за личноста на авторот и за социјално-психолошката состојба во која го создал ова недело“.
    Ернест Бекер

    „Донеси шише ракија кога ќе идеш наваму, Гане нѐ отру со смутија“.
    Петре

    „Зошто не пробаш од ова да направиш филм?“
    Дејвид Мемет

    „Нe мачи се, нема будала што ќе ти го режира!“
    Квентин Тарантино

    „Јас би пробал, и така немам свежа идеја што би ја искористил за мој последен филм“.
    Мартин Скорсезе

    „Ве читам и се смеам“.
    Смртта

    299,00 ден
  • Ние сме лудаци

    Ние сме лудаци е исконструиран и нестварен роман речиси колку животот. Ако отсекогаш сте мислеле дека никој и ништо не може да создаде понеобични и почудни нешта отколку што тоа го може самиот живот, еве текст-кандидат за натпревар. Натпревар на стварноста со пост-стварноста, на вистината со пост-вистината,.. натпревар на возови со шини, на спонтаност со режија, на политика со книжевност, на сатира со еротика, на хумор со безнадеж…

    Долгот кон љубителите на писмото на Сашо Кокаланов со овој роман не што е отплатен со највисока камата, туку дури е и натплатен, па сега ние му должиме нему: читање, смеење и подголтнување, задоволство во текстот на повеќе нивоа, зашто „Ние сме лудаци“ е лирика, епика и драма во едно; победа, пораз и бегство на ист фронт, под исто знаме. Ликовите се толку магнетни што целосно го привлекле дури и авторот, па Кокаланов е едноимен кога пишува драми, другоимен кога пишува поезија, но истоимен кога е детектив на дури пет случаи во романот!

    Ние сме лудаци е носител на листата на книжевната партија на слободоумните и талентираните. Заокружете го, остварете го!“

    Оливера Ќорвезироска

    350,00 ден