Чудовиштето

390,00 ден

„Чудовиштето“ е роман за љубовта, за невозможната, безнадежна, но чиста и искрена љубов меѓу стариот писател и убавата млада новинарка. Нивните животи се испреплетуваат, но и се заробуваат во синџирите на моралната кауза. Роман за мудроста и големото прашање, дали е доволна за разумот на разумниот да се исправи пред моралните закони во него. Злото е привлечно, неговата појава секогаш е само навидум случајна, а всушност строго испланирана и контролирана.

По преводот на романот „Пропаст“ и одличниот прием кај македонските читатели, „Чудовиштето“ е нов предизвик за сите рафинирани љубители на квалитетната литература.

 

„За книжевните критичари, романот „Чудовиштето“ е лебедовата песна на Владимир Зарев. Ништо не останува засекогаш, вели Зарев на почетокот од книгата, па ни љубовта, останува само споменот за неа, нејзината сенка, нејзиниот здив. Колку е човекот мал и ништожен кога согорува во својот копнеж да се одложи крајот, смртта да се смилостиви да го остави уште малку да се насладува на љубовта. Но дали таа негова желба не е крајно себична и горка?! Зарем е малку еден човечки живот за да се љуби и да се биде љубен?! Булгаковски е крајот на „Чудовиштето“, искупувањето доаѓа преку љубовта, таа е чистата есенција на постоењето, без неа ниту злото ниту омразата не би можеле да преживеат бидејќи на кантарот ќе си тежат самите на себе, ќе немаат противтежа“.

д-р Ана Витанова – Рингачева

ШИФРА: 199
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2021

Број на страници

312

Превод/Препев

Превод од бугарски јазик: Бранислав Мирчевски

Владимир Зарев (1947) е современ бугарски писател роден во Софија. Работи како универзитетски професор по бугарска литература, а од 1973 г. е уредник на одделот за белетристика на списанието „Современик“.

Романите му се преведувани на многу светски јазици, а „Пропаст“ (ИЛИ-ИЛИ, 2019) по дванаесетте изданија во Бугарија стана бестселер и во Германија и САД. Според романот е снимен филмот „Времето е наше“.

Добитник е на државните награди „Иван Вазов“ и „Елин Пелин“. Во 2017 г. ја добива Државната награда „Св. Паисиј Хилендарски“ за исклучителен придонес ва развојот на националната културна идентификација и духовни вредности.

Автор е на романите: „Демонот на нетрпеливоста“ (1975), „Процес“ (1984), „Загар“ (1987), „Лето 1850“ (1988), „Пропаст“ (2003), „Поп Богомил и совршенството на стравот“ (2005), „Чудовиштето“ (2019), на трилогијата: „Битие“ (1978), „Исход“ (1983) и „Закон“ (2012), како и на повеќе поетски книги.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.