Дневник

Од (автор)Геза Чат

199,00 ден

Во овој необичен дневник самиот Чат се открива себеси таков каков што беше, не баш совршен, со сите свои мани, себичен и дарежлив, со многу тегоби, понекогаш силен, понекогаш слаб, но секогаш човечен, со ненаситен и самодеструктивен копнеж по совршенството и исполнетоста; лик од крв и месо, со душа и тело, во кој сите ние можеме да се препознаеме.

Неговата личност како голем, надежен талент остана во унгарската книжевна свест, додавајќи дека неговото книжевно дело реално не можеше да се развие во една изедначена и завршена целина.

Сепак, неколку негови новели го сместуваат на врвот на унгарската, па дури и на светската проза („Мајкоубиство“, „Малечката Ема“ итн.), влијаејќи врз современите писатели како Хајноци, Естерхази, Месељ, и споредувајќи ја неговата виртуозност со По, Бирс, па дури и со Чехов.

Out of stock

ШИФРА: 19
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2007

Број на страници

133

Превод/Препев

превод од унгарски: Анамарија Цинеге Панзова

Геза Чат (1887-1919) е писателски псевдоним на Јожеф Бренер, роден во Сабадка (Суботица). Доктор по вокација, но со голем талент за пишување, по многубројните рецензии и есеи објавувани низ разните весници во Будимпешта, конечно, во 1908 ја објавува првата збирка раскази, „Градината на магионичарот”, и целата критика го слави „новиот глас”.

Но, поради неговото ‘навлекување’ на морфиум, детално опишано во „Дневник”, неговите подоцнежни ракописи стануваат недостапни за пошироката јавност. Дневничките записи излегуваат дури во 1989 година, кога по паѓањето на железната завеса, нагло расте и интересот за неговите дела не само во Унгарија, туку и во Европа.

Неговите творби станаа инспирација за повеќе филмски и телевизиски остварувања, меѓу кои спаѓа и извиканиот филм „Браќата Витмен”, базиран врз новелата „Мајкоубиство”.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.