Ге-дур

130,00 ден

“Секогаш кога се претставува ново име пред македонската читателска публика, а не „припаѓа” на книжевните кругови, особено ако се работи за жена (кој ли им даде право да пишуваат?!), се дочекува со камен во високо кренатата десна рака (поретко во левата), подготвен да ја уништи заедно со идејата за постоење на уште едно дело „лишено” од книжевни вредности. Спуштете ги камењата. Расказите на Јолевска-Попов се куси – инстант раскази, во стил на мали скопски разговори, со временски и просторни елипси со кои се постигнуваат различни атмосфери. Обидете се да се впуштите во дијалог со нив”.

Снежана Младеновска Анѓелков

“Кратките раскази на Тамара имаат мошне флексибилен ритам како во џезот, а од друга страна, пак, поседуваат наметлива и оптимистичка мелодија како во некоја каденца од Моцарт која создава тензија да дојде крајот, па да се сфати суштината на целата приказна. Во исто време, ме наведуваат на криминалистичката поезија на Ник Кејв со која само на нему својствен начин ја бара правдата во едно време на лудост и хипокризија. Jа фатила и онаа градска, скопска реалност, но се обидела да ја смести и на некое друго место, но и во друго време. Време кое може да биде сечие и секаде”.

Тина Иванова

Out of stock

ШИФРА: 85
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2013

Број на страници

65

Тамара Јолевска-Попов е родена на 30 март 1987 година во Скопје. Основното образование го заврши во родниот град, а средното во уметничкиот колеџ “Бромсгроув” во Бирмингем, Велика Британија. Англиски и шпански јазик и книжевност дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Моментално го подготвува магистерскиот труд на Универзитетот “Американ колеџ” во Скопје.

Долги години е присутна како танчер на независната уметничка сцена. Автор е на неколку драмски текстови, а збирката куси раскази „Г-дур“ е нејзина прва литературна објава.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.