Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2023 |
Превод/Препев | превод од бугарски: Никола Маџиров |
Број на страници | 109 |
И други приказни
270,00 ден
Како што сугерира и самиот наслов ПРИКАЗНАТА е централната тема, покрај тоа што е основна книжевна форма во ова дело. „И други приказни“ го потврдува раскажувачкото мајсторство на Господинов и му открива на читателот еден неодолив и заводлив сплет од хумор, тага и најскриени емоции.
„Господинов сака во своите раскази, како Рабле, да го спои тривијалното со возвишеното, баналното со исклучителното, шегата со ерудицијата, историјата со секојдневието“.
Page, Париз
„Со Георги Господинов се нурнувате во имагинарен свет каде што секоја буква се однесува на жена, секој збор осцилира помеѓу тагата и смислата за хумор…“
Le Nouvel Observateur
„Западната метафикција се среќава со источноевропската метафизика“.
World Literature Today
„Приказни кои изгледаат како деца од мешани бракови – со необично и незаборавно лице.“
Мирела Иванова, Капитал
Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени: Природен роман (Темплум, Или-Или), збирките раскази И други приказни (Темплум, Или-Или), И сè стана месечина (Или-Или) и Сите наши тела (Или-Или), збирката песни Балади и распади (Блесок), книгата за деца во коавторство со неговата ќерка Раја, Свадби на животни и нешта (Или-Или) и неговите најуспешнн романи Физика на тагата (Или-Или) и Засолниште во времето (Или-Или).