Истанбул беше сказна

Од (автор)Марио Леви

690,00 ден

„Истанбул беше сказна“ на Марио Леви е сага за едно еврејско семејство од Истанбул, којашто опфаќа три генерации. Како сведок или како детектив којшто собира докази, нараторот шета по тесните улички на старите етнички квартови на Истанбул, собирајќи „сказни“, приказни за нивните жители, минати и сегашни, за луѓето коишто се чувствуваат се` помалку и помалку удобно во својот сопствен град, за трансформацијата на Истанбул од етнички разнообразната престолнина на Отоманската империја во предоминантно турски бизнис центар на републиканска Турција, Турција создадена од Ататурк и Инону. Неговите напори се напори на човек којшто се обидува да ја состави сложувалката во која на крајот мора да се вметне и себеси. Тој собира безброј сцени и слики – „стари фотографии“ – но никогаш не е задоволен од крајниот исход што го реконструира од нив.

Како сведок, како набљудувач и протагонист, тој истовремено е и во приказната и надвор од неа. Заокружувањето на приказната е прологот во кој нараторот ја најавува својата цел со раскажувањето на овие приказни и епилогот во вид на писмо до анонимен примател, во кое нараторот, меѓу другото, раскажува за средбата во едно кафеанче со Двојникот, којшто на крајот испаѓа дека е самиот тој на стари години.

Out of stock

ШИФРА: 56
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2011

Број на страници

776

Превод/Препев

превод од турски: Ѓулнихал Исмаил

Марио Леви е роден во Истанбул, во 1957 г. Го завршил францускиот колеџ Сен Мишел во 1975, и дипломирал француски јазик и книжевност на истанбулскиот Универзитет во 1980. Неговите први написи се објавени во повеќе списанија како и во весникот „Шалом“.

Неговата прва книга „Жак Брел: осамениот човек“ претставува романизирана верзија на неговата дипломска работа. Романот „Неможност да се оди во градот“ е објавен во 1990, за кој ја добива наградата „Халдун Танер“. Вториот роман „Мадам Флоридис можеби и нема да се врати“ (1991) ги опишува истанбулчани на кои им е тешко да се прилагодат на малцинските групи и на општеството. Во 1992 е објавен романот „Нашата најубава љубовна приказна“, по кој следува долга пауза. Романот со кој се прослави „Истанбул беше сказна “(1999) е приказна за едно еврејско семејство коешто живеело во Истанбул од 20-е до 80-те на минатиот век.

Марио Леви освен што се занимава со пишување, работел како професор по француски, новинар, радио новинар. Се’ уште предава француски јазик и креативно пишување на Универзитетот Једитепе во Истанбул.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.