Карневал

Од (автор)Рави Хаж

250,00 ден390,00 ден

Наградуваниот либанско-канадски писател Рави Хаж во својот најнов роман „Карневал“ се навраќа кон главната тема на своето творештво: животот на емигрантите и нивната неприпадност во „новиот свет“.

Тој создава калеидоскоп од приказни кои се прелеваат една во друга, без амбиција да се изгради кохерентна целина, но токму спокојното и ненаметливо раскажување е главното „оружје“ на авторот и основата врз која се гради оригиналноста на овој исклучителен роман.

ШИФРА: 159
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2018

Број на страници

274

Превод/Препев

превод од англиски: Ацо Пероски

Канадскиот писател Рави Хаж е дете на светот. Роден е во Бејрут, а растел во Либан и во Кипар. Во 1984 година се преселува во Њујорк. Конечно, во 1991 година го пронаоѓа својот дом во Монтреал, Канада, каде живее и твори и денес.

По таксирањето и експериментирањето со фотографијата, тој конечно се скрасува во книжевноста, покажувајќи дека неговиот несомнен талент долго време чекал да биде откриен.

Неговите два романа, „Играта на де Ниро“ (2006) и „Лебарка“ (2008), и обете во издание на ИЛИ-ИЛИ, за кратко време постигнаа интернационален успех, ставајќи го Хаж на врвот на листите на омилени писатели кај многу угледни европски и американски интелектуалци.

Во 2012 година писателот ја заокружува неформалната трилогија токму со романот „Карневал“.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.