Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2010 |
Број на страници | 148 |
Ме сакаш ли под дождот?
250,00 ден
Ја спуштам раката во нејзината коса.
– Не се заебавам Ангела. Јас измислувам. Ќе поминам покрај некој непознат, ќе го пгледнам в лице и му го измислувам животот. Кога ти реков да се измислуваме меѓу себе, не мислев да измислуваме глупости. Ти го спомна немањето пари, невработувањето, дувањето и пиењето вино, водењето љубов и реното на татко ти… Боже, и тоа е нешто! Ние си го измисливме. Луѓето се плашат да немаат пари. Луѓето се плашат да немаат што било. Ние имаме, ангелу! Луѓето се плашат од глупости. Им снемало струја… Боже, мој… Нека си измислат тогаш струја, кога ќе им ја исклучат струјата. А замисли во еден миг да го снема… што знам… денот, на пример. Се будиш… ноќ. Пак се будиш… пак ноќ. Што ќе прават тогаш оние идиоти што се плашат од секакво немање? Ќе излезат на митинг? Ќе седат и ќе кукаат дома? Ќе престанат да се будат? Сеедно. Јас ќе го измислам тогаш денот за тебе и ти ќе знаеш дека тоа е ден измислен само за тебе и се дур` можам да измислувам среќа за тебе ти ќе ми бидеш доволна…
Out of stock
Александар Русјаков е роден 9-ти август 1977-та година во Велес, Македонија.
Дипломираше на Факулететот за драмски уметности со серискиот филм „Приказни за љубовта и свршувањето“. Еден е од авторите на анимираната хумористична серија „Еднооки“.
Досега ја има објавено поемата „Недовршена љубовна приказна“ во списанието „Разгледи“.
„Ме сакаш ли под дождот“ е негова прва книга.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.