Неми филмови

200,00 ден

Сосема случајно, ја сретнав Марија на аголот од една улица во стариот дел од градот, блиску до куќата на мајка ѝ. Со себе носеше книги. Ми кажа дека сега пристигнала дома, но само за кратко и дека сепак ќе се врати кон крајот на летото (повторно истото тегобно навестување дека времето поминува). Беше облечена во единствениот жолт фустан, а патоказите во форма на мали црни точки на нејзиниот мек, бел грб ме одведоа до еден друг јуни, кога ги испитуваше измачените лица на пазарџиите и филозофираше со наивноста на убаво намирисана и чиста девојка. Се сетив како нејзиниот грб беше осветлен од портокалевите сијалици залепени над креветот од мојата соба, кој беше утешно голем за двајцата во неиздржливите приквечерини на претходното лето. Тогаш, влегувајќи во неа, почувствував како во мојата душа се насобрале илјадниците книги од мојот живот, со своите тврди, црни, зелени и црвени корици, со измачените ‘рбети и шилести агли и натежнале како нешто неискажано, нешто што не успеав да ѝ го кажам на мојата мајка во детството, на мојот татко малку подоцна, а најпосле ниту нејзе.

ШИФРА: 176
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2019

Број на страници

113

Димитар Димоски (1992) е роден во Охрид.

Добитник е на наградите: „Нова Македонија“ за расказот „Создавач на светови“ (2014), „Живко Чинго“ за расказот „Мојата куќа во Крс’ Џамија“ (2015) и „Нова Македонија“ за расказот „Неми филмови“ (2016). Член е на литературниот клуб „Григор Прличев“ од Охрид.

Збирката раскази „Неми филмови“ е негов дебитантски ракопис.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.