„По два романа и една книга за деца, со „Ништо нормално“ Симона Јованоска повторно се враќа на жанрот што мајсторски го владее – расказот.
Во фокусот на овие дваесетина раскази е малиот човек. Со оваа книга како да добиваме специјална влезница за качување на еден волшебен килим кој има моќ, од една страна да не’ носи на панорамска прошетка на која ќе ни ги покаже безбројните лица, маски и преобразби на човекот, а од друга, да не’ опреми со микроскопско-воајерски увид во неговите желби, стравови и (не)сигурности преку кои одново и одново се испитува значењето на тој, колку безначаен, толку и значаен збор: НОРМАЛНО!
Со ширината на имагинативноста за градење нови светови, преку вешто изградените впечатливи ликови, ситуации и приказни, овие раскази многу умешно пипкаат секаде каде што не’ боли – и како поединци, и како општество“.
Наташа Атанасова

КРЕАТИВНА ЕВРОПА








