Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2013 |
Број на страници | 165 |
Превод/Препев | превод од унгарски: Анамарија Цинеге Панзова и Златко Панзов |
заштеди
150,00 денПиксел
100,00 ден250,00 ден
Секое од триесетте поглавја може да се чита како засебна приказна; приказни за љубовта, осаменоста, неуспешните обиди за комуникација и себепронаоѓање, зграпчени мигови кои откриваат решавачки моменти во нечиј живот, моменти кога неговата или нејзината судбина засекогаш е променета – или во кои се решава таа никогаш да не се промени. Овие приказни се како пиксели кои сочинуваат една поголема слика, сите карактери се појавуваат, исчезнуваат, па повторно стапуваат на сцена како танцувачи во кореографија која му е позната само на нараторот, и читателот кој константно го бара клучот и поврзаноста меѓу настаните и ликовите од приказна во приказна. Кратките средби, кратките погледи на улица можат да ги создадат истите конекции, како оние во крвните врски или љубовта меѓу родителите, децата, сопружниците или прељубниците. Поглавјата носат наслови кои евоцираат на делови од телото: приказна за окото, приказна за папокот, приказна за прстите; бележејќи дека нашето тело е она на кое е испишана приказната на нашиот живот; со скокотливи и љубовни допири или со шлаканици и гребаници.
Кристина Тот е родена во 1967 година во Будимпешта. Студирала унгарска книжевност. Поминала две години на стипендија во Париз. Од 1994 до 1998 година работела на Францускиот институт во Будимпешта. Таа е една од најпрокламираните поетеси во Унгарија. Има добиено неколку награди и нејзината поезија и проза се преведени на повеќе јазици. Живеее во Будимпешта и освен со пишување и преведување од француски јазик, дизајнира витражи. Позначајни нејзини дела се: „Есенското палто се бранува“ (1989, поезија), „Нишката на разговорот“ (1994, поезија), „Лондонските мечиња“ (2003, песни за деца), „Баркод“ (2006, кратки раскази), „Висока топка“ (2009, поезија), „Пиксел“ (2011, роман), „Аквариум“ (2013, роман)
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.