Се’ уште можам нешто да сторам

399,00 ден

…јас никако не успевав да се ослободам од чувството дека исчезнувам. Кога почнував да зборувам, моите зборови наместо до ушите на присутните, се протнуваа низ еден, за нив недостапен тунел, излегувајќи токму на лисјата од дрвата пред нас, патуваа носени од ветрот преку грмушките што го обрабуваа тревникот во нашиот видик, сѐ до излезот на паркот, право во контејнерите на уличката.

Исто беше и со мојот лик, моето тело што се замрзнуваше и стануваше само рамка од неподвижна слика, толку несмасно потпрена на штиците од клупата, што сите околу мене се наведнуваа и ги искривуваа вратовите само за да ја избегнат додека се обидуваат меѓу себе да се гледаат. Тие избегнуваа да гледаат во мене, ме заобиколуваа како да бев јас некаква препрека.

А јас, без мојот глас и присуство и без само мојот образ, немоќно тонев во лулката која висеше на дебел синџир и осцилираше помеѓу ѕидот на конфузноста во кој сите тие денови си ја удирав главата и оној на бесот поради моето исчезнување што сега толку моќно ја обземаше секоја во мене присутна клетка.

ШИФРА: 226
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

207

Година на издавање

2023

Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите: Пишувајќи ги изгубените топки, Вишнова хроника, Одбројување (Роман на годината за 2017 г.) и На враќање.